Новицки: Ќе бидам тука и следната сезона

Од:

Кошаркарот на Далас Маверикс, Дирк Новицки, истакна дека се чувствува одлично и дека за овој клуб планира да ја одигра и 21 – та сезона.

Германецот има договор за уште една сезона, иако во јуни ќе наполни 40 години.

– Како стојат нештата планирам да играм, токму затоа потпишав и двогодишен договор. Се чувствувам одлично, а оваа сезона пропуштив само еден натпревар, потенцира Новицки.

Сезонава легендарниот германски кошаркар играше на 72 натпревари, а во просек на теренот помина по 26,4 минути. Тој оствари во просек по 12,3 поени, 5,7 скокови и 1,6 асистенции по натпревар.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот