Нови дваесет медали освоија младите каратисти од карате Клубот „Урбан инвест” од Кавадарци на Меѓународниот натпревар „13 Ноември 2016”, кој вчера се одржа во Спортската сала на Факултетот за физичка култура во Скопје.
Како што информираше денеска во Кавадарци тренерот Ивана Аврамова, на натпреварот учество земаа 378 натпреварувачи од 36 клубови од Македонија, Србија и Бугарија.
– Карате клубот „Урбан Инвест” покрај пехар за најмасовен, доби пехар и за најдобар клуб на натпреварот и со освоени 7 златни, 8 сребрени и 5 бронзени медали, се рангираше на првото место на ранг листата, соопшти Аврамова.
Таа нагласи дека со победничко темпо продолжуваат и понатаму, изразувајќи задоволство што каратето како спорт, се повеќе станува дел од слободното време на младите кавадарчани.