Нови 27 медали освоија каратистите на карате клубот Урбан Инвест од Кавадарци на меѓународниот натпревар „Златен куп на Тетово“ кој се одржа вчера, информираше денеска тренерот Ивана Аврамова.
Таа нагласи дека со освоени девет златни, осум сребрени и десет бронзени медали, кавадаречкиот клуб е втор на ранг листата и прогласен меѓу трите најуспешни клубови на натпреварот.
– На натпреварот зедоа учество околу 300 натпреварувачи од клубови од Македонија, Косово, Црна Гора и Албанија, соопшти Аврамова.