Новата сезона во машката ракометна Супер лига ќе почне на 17 септември и ќе се игра според стариот систем. Во првиот дел од сезоната шампионот Вардар и Металург ќе бидат слободни, бидејќи ќе се натпреваруваат во СЕХА Газпром лигата и ќе се приклучат во плеј офот.
Новини во пропозициите за натпреварување е што од сезоната 2017/2018 ќе се игра Супер куп меѓу победникот на првенството и победникот на Купот или финалистот. Победникот на Купот во иднина ќе обезбеди пласман во Купот Челинџ.
Пополнувањето на Супер лигата ќе биде со бараж натпревар меѓу Преспа и Металург 2. Победникот од тој натпревар ќе игра во Супер лигата.
Бараж средбата е закажана за 8 септември во Прилеп.
Двојки за прво коло Супер лига:
Пелистер – Еурофарм Работник,
Прилеп – Вардар јуниор,
Пролет – Металург 2/Преспа,
Радовиш – Борец и
Работнички – Охрид.