Комесарот на најсилната светска кошаркарска лига – НБА, Адам Силвер соопшти дека сезоната 2017/18 ќе стартува на 17 октомври, осум дена порано во однос на мината сезона.
На првите два дуела од новата сезона гледачите ќе можат да ги проследат настапите на финалистите од минатото првенство, Кливленд и Голден Стејт.
Шампионот Голден Стејт на домашен терен ќе игра со Хјустон, додека Кливленд ќе го пречека Бостон.
Првиот меѓусебен дуел двата најголеми претенденти за шампионскиот трофеј ќе го имаат на католички Божик (25 декември) кога Голден Стејт ќе биде домаќин на Кливленд.