Новата сезона во АБА лигата започнува на 19 септември

Од:

На денешното Собрание на клубовите од регионалната кошаркарска АБА лига одржано преку видео-врска, донесена е одлука новата сезона да започне на 19 септември. Основниот дел од сезоната ќе трае до 28 март 2021 година, додека плеј-офот треба да започне на 4 април 2021 година.

Собранието донесе одлука дека и АБА Лигата и АБА Лига 2 ќе бидат составени од 14 клуба до сезоната 2024/25.

Во согласност со потврдениот систем на натпреварување, последнопласираниот тим на АБА-лига нема да има право да учествува на ова ниво на натпреварувањето во наредната сезона, додека 13-пласираниот тим на АБА-лигата и финалистот на АБА Лига 2 ќе се соочат едни со други во баражот за АБА-лигата.

Поради пандемијата на коронавирус откажан е Суперкупот на АБА 2020/21 година.

Доколку Приморска, која има финансиски проблеми не се откаже од натпреварувањето, МЗТ Скопје Аеродром ќе остане во АБА 2, каде во новата сезона, од македонските клубови ќе игра и Работнички.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он