„Порше“ не се двоуми новата „Панамера“ да ја рекламира како „најбрзиот луксузен седан во светот“, а сега знаеме и зошто.
Втора генерација на „Панамера“, што официјалната премиера ја имаше на почетокот на неделата, стана најбрзата луксузна лимузина на патеката Нирбургринг. Спортскиот модел на „Порше“ со четири врати кругот со должина од 21 километар го мина за седум минути и 38 секунди, што е подобар резултат и од многу суперспортски автомобили.
„Панамера“ зад себе го остави најблискиот конкурент, „БМВ М5“, што своевремено на истата патека постигна време од седум минути и 55 секудни, а лимузината на „Порше“ во Рингот ги надтрка дури и таквите автомобили, како што се „Порше 997 ГТЗ РС“ или „Ферари 430 Скудериа“, додека нејзиниот резултат е на исто ниво со моделите на „Кексус ЛФ-А“, „Ламборџини Џилардо ЛП570-4 СупоерЛеџеpа“ и „ Пореше 997 911 Турбо“.
Рекордното време го постигна најсилната верзија со 4.0 В8 би-турбо мотор од 550 „коњски сили“ и 770 НМ максимален вртежен момент, а „Порше“ тврди дека не вршеле никакви модификации врз автомобилот и дека „Панамера“ на себе има стандардни фабрички гуми.