Јапонската компанија Хонда објави дека следната генерација на компактниот модел Цивик во Европа ќе го претстави на почетокот на 2017 година.
Европската Цивик хеџбек со пет врати ќе се произведува во Велика Британија.
По претставувањето на моделот за американскиот пазар, Хонда ќе започне со обнова на понуданата на моделите од семејството Цивик и на стариот континент.
Хонда Цивик за 2017 година во Европа се конструира во Велика Британија, а ќе се произведува во фабриката Свиндон на островот. Јапонската компанија во оваа фабрика веќе има инвестирано 270 милиони евра, за подобрување на технолошкиот процес.
Со тоа, вредноста на инвестицијата на Хонда во Свиндон достигна три милијарди евра од 1985 година, се наведува во соопштението на компанијата.