Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Австралија опен

Од:

Десеткратниот шампион на АО, Новак Ѓоковиќ во четвртфиналето го победи Карлос Алкараз во три сета и по пресврт (3:1). По три часа и 37 минути резултатот беше 4:6, 6:4, 6:3, 6:4.

Во полуфиналето во Мелбурн го чека Александар Зверев, кој претходно го елиминираше Томи Пол со 7:6 (1), 7:6 (0), 2:6, 6:1.

Двајцата тенисери влегоа во осмиот меч еден против друг, но и против ветрот кој ниту еден ден не дува посилно од почетокот на првиот Грен слем во Мелбурн.

Алкараз денеска немаше што да бара против максимално мотивираниот Ѓоковиќ и покрај огромната разлика во години (Ѓоковиќ 37 – Алкараз 21).

Ова беше нивни осми меѓусебен дуел, а средбата во четвртфиналето на Австралија опен е најрана за двајцата тенисери откако пред три години првпат вкрстуваа рекети.

Во претходните седум се сретнаа во полуфиналето и финалето. И на најголемите турнири, од Мастерс до Грен слем.

Би можело да ве интересира

Новак Ѓоковиќ не успеа да стигне до 100-та титула во кариерата

Историска победа на Ѓоковиќ против Димитров во Мајами

А1он

Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Мајами

Ѓоковиќ го победи Музети и се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Мајами

Горан Наумовски

Земјотрес во тенисот – Ѓоковиќ и неговите колеги поднесуваат тужба

Пеколна ждрепка за Новак Ѓоковиќ