Новак Ѓоковиќ влезе во историјата, го освои Вимблдон!

Од:

Во рок од неколку недели, Новак Ѓоковиќ ги освои Ролан Гарос и Вимблдон, и стигна до својот 20 Грен слем трофеј.

Најдобриот тенисер на светот го победи Матео Беретини во финалето во Лондон во четири сета, со резултат 6: 7, 6: 4, 6: 4, 6: 3.

Последниот дуел требаше да трае многу пократко, но српскиот ас ја комплицираше ситуацијата во првиот сет и го загуби. Сепак, тоа ни најмалку не го вознемири во освојувањето нов трофеј во Лондон.

Ѓоковиќ го играше јубилејното 30-то финале на грен слем турнирите, седми пат за трофејот за кој сонуваше како дете и по шести пат имаше шанса да го освои Вимблдон, која и ја искористи.

Она што е особено важно за Новак, и за историјата на тенисот, е дека со победата и освојувањето на 20-тата грен слем титула, тој се израмни со неговите најголеми ривали, Роџер Федерер и Рафаел Надал.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ го најави младиот Бразилец за свој наследник, а овој „му заби нож в грб“

А1он

Беретини го елиминира Ѓоковиќ во првото коло на турнирот во Доха

Ѓоковиќ остро за Синер: Земјотрес, oва е голем проблем за спортот

А1он

(ВИДЕО) Ѓоковиќ го „испрати“ Шварцман во пензија: „Што гледаш, идиотe?“

Ѓоковиќ: Татко ми ме убедува да ставам крај на мојата тениска кариера

Новак Ѓоковиќ ќе добие статуа во Мелбурн парк пред арената Род Лејвер