Нова рунда во СЕХА лигата

Од:

Продолжуваат натпреварите во регионалната ракометна СЕХА лига кои беа во мирување поради Европското првенство во Полска.

Во натпревар од 18.коло актуелниот шампион во оваа конкуренција унгарски Веспрем е домаќин на Нексе, почетокот е денес од 18 часот.

Македонскиот вицепрвак Макс Струмица утре исто така од 18 часот гостува кај Мешков Брест, додека в петок, шампионот на Македонија и лидер на табелата Вардар ќе игра во Бања Лука против екипата на Борац. И овие две средби се од 18.коло.

Претстојниот викендот, македонските екипи ќе одиграат уште по еден меч на гостински терен и тоа: Макс Струмица в сабота на мегдан оди кај Веспрем, а Вардар в недела игра со Нексе.

Табела: Вардар 34 бодови (14 натпревари), Веспрем 31 (11), Загреб 30 (13), Татран Прешов 27 (14), Мешков Брест 21 (11), Нексе 21 (13), Војводина 11 (15), Борац 10 (14), Спартак 10 (15) и Струмица 2 (14).

Би можело да ве интересира

Загреб прв финалист на Ф4 во СЕХА-лигата

Ана Ололовска

Вардар ќе игра на завршниот турнир во СЕХА-лигата

А1он

Вујовиќ: Во Загреб одиме на победа, нема да калкулираме со предноста од Скопје

А1он

Вујовиќ: Предноста од четири гола е убава, но ништо не е решено

Ана Ололовска

СЕХА: Вардар 1961 обезбеди четири голови предност за ревашот во Загреб

А1он

Бабиќ: Одговорноста за поразот од Мешков Брест е моја

Ана Ололовска