Полскиот ски-скокач Камил Штох ја оствари и третата победа на 66-то издание на турнејата „Четири Новогодишни скокалници“.
По триумфите во германските ски-центри Оберсдорф и Гармиш-Партенкирхен, полскиот ски-скокач денеска беше најдобар и на 130-метарската леталница во Инсбрук, Австрија.
Штох собра најмногу бодови од судиите 270,1 за скоковите од 130 метри во првата и 128,5 метри во втората серија.
Место на пиедесталот покрај Полјакот имаше и за Норвежанецот, Андре Даниел Танде кој оствари скокови од 129,5 и 125 метри, како и за Германецот, Андреас Велингер кој го имаше најдолгиот скок денеска во Инсбрук од 133 метри во првата серија.
Во вкупниот пласман на турнејата лидер е Штох со 833,2 бода, пред Андреас Велингер со 768,7 и Јапонецот, Јуширо Кобајаши со 765,7.
Турнејата „Четири Новогодишни скокалници“, завршува на 6 јануари во Бишесхофен. Потсетување дека лани победник на турнејата беше токму Полјакот, Штох.
Во Светскиот куп лидер е Ручард Фрајтаг со 711 бода, пред Штох кој сега има 623 и Велингер со 509 бода.