Нова победа на Линдзи Вон

Од:

Американката Линдзи Вон ја забележа 76-та победа во кариерата, откако славеше на шестиот спуст во сезоната, кој се одржа во Гармиш-Партенкирхен.

Американката до победата стигна со време 1:40.80 минути, што и беше доволно за деветтата победа во сезоната. Вон сега се наоѓа на само десет победи од апсолутниот рекорд, според бројот на победи во Светскиот куп, кој е во сопственост на Ингемарк Стенмарк.

Второто место во Гармиш го освои Швајцарката Фабиен Зутер, која задоцно една ипол секунда, додека на третото место се пласира Германката Викторија Регенсбург.

Вон е лидерка во генералниот пласман со 1.000 бодови, следува Лара Гут (873) и Ребенсбург (740). Во поредокот во спуст Американката води со 500 бодови.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Доминик Парис ја израдува Италија со првото место на спустот во Бормио

Татјана Ташкова

Фојц блесна во спустот на Бивер Крик

ВИДЕО: Шмидхофер го освои спустот во Лејк Луис

ВИДЕО: Ледечка го освои првиот спуст во сезоната со историско достигнување

Шифрин победи на слаломот во Леви

Тина Мазе ја заврши кариерата

Емир Латифовиќ