Цитроен ги објави првите официјални фотографии и технички карактеристики на новата генерација на моделот Ц4 Пикасо.
Најкарактеристичен нов детал на надворешноста на автомобилот се предните светла, кои се поделени во два сегменти, така што во горниот дел се наоѓаат дневни ЛЕД светла, додека во долниот се стандардните кратки и долги светла.
Автомобилот е поставен на ЕМП2 платформа, а димензиите се идентични со концептот Техноспејс, кој беше претставен на Самот на автомобили во Женева. Новиот Ц4 Пикасо има должина од 4,43 метри, широчина од 1,83 метри и висина од 1,61 метар.
Новата генерација Ц4 Пикасо нуди 40 литри поголем багажен простор, односни тој сега изнеусва 537 литри или 637 за моделот со задни седишта кои се поместуваат напред.
Во внатрешноста се користат две бои за декорација на седиштата, на вратите и инсструмент таблата. На средишната конзола се наоѓа стандарден 7 инчен екран осетлив на допир преку кој се контролираат голем број функции и системи, како што е клима уредот, мултимедијата и поврзување со смартфони. Над овој екран се наоѓа централно поставен, 12 инчен дисплеј со ХД резолуција. На него се прикажани сите важни информации, а може да се подеси и како навигациски екран.
Во задниот дел се наоѓаат три одвоени седишта, чии позиции може независно да се подесуваат.
Емисијата на штетни гасови е намалена под 100 грама на километар. Во понудаат на мотори се наоѓаат е-ХДИ со 95 коњски сили и 114 коњски сили и два бензиснки ВТи од 120 и ТХП од 156 коњски сили.