Нова генерација автоматски менувачи со 9 и 10 степени од Форд и Џенерал Моторс

Од:

Форд и Џенерал Моторс потпишаа договор за соработка за развој на нова генерација технолошки напредни 9 и 10 степени автоматски менувачи за возила.

Новите менувачи ќе бидат наменети за автомобили, кросовери, СУВ и камионети со преден и заден погон. Тие ќе помогнат за зголемување на перформансите на возилата и истовремено заштеда на гориво.

– Инженерските тимови на ЏМ и Форд веќе работат на почетниот дизајн на новите менувачи, изјави Џим Ланзон, потпретседател на глобалниот инженерски тим на Џенерал Моторс.

Џенерал Моторс и Форд со овој договор за соработка веќе по трет пат во изминатите десет години се одлучуваат за заеднички развој на нови менувачи. Соработката предвидува секој компанија да произведува сопствени менувачи во сопствени фабрики при што голем дел од компонентите ќе бидат исти.

Повеќе податоци за новата генерација автоматски менувачи и нивната примена во Џенерал Моторс и Форд возилата компаниите ќе објават пред нивното претставување на пазарот.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on