Нов скандал на Ролан Гарос – пијан тенисер нападнал таксист

Од:

Франциско Серундоло, аргентински тенисер е уапсен во Париз поради наводно напад на таксист во алкохолизирана состојба.

Инцидентот се случил ноќта меѓу 25 и 26 мај, а според изјавата на таксистот, Серундоло бил во друштво на четворица пријатели. Петмината сакале да влезат во такси, што не е изводливо бидејќи е наменето за пет лица, а би биле шестмина со таксист.

Ова го налути Серундоло, кој физички го нападнал возачот, според чие сведочење овој напад се случил во 2 часот по полноќ, додека Серундоло бил под дејство на алкохол.

Серундоло играше на овогодинешниот Ролан Гарос, но набрзо беше елиминиран кога Даниел Еванс беше подобар во првото коло со резултат 3:0.

Би можело да ве интересира

Алкараз шампион на Ролан Гарос

Алкараз го совлада Синер за големото финале на Ролан Гарос

Во историски меч до три часот наутро Ѓоковиќ направи голем пресврт и се пласираше во осминафиналето

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Руското чудо од дете блеска и на Ролан Гарос

Предраг Петровиќ

Зверев за малку избегна дисквалификација, направи нешто што не смееше

Предраг Петровиќ

Зверев го „реши“ Надал во првата рунда

Предраг Петровиќ