Металург потпиша тригодишен договор со младиот босански ракометар Игор Мандиќ (21 г, 196 см, 101 кг), кој игра на позиција лев бек. Мандиќ, кој е роден во Сараево, својата ракометна кариера ја почна во Приедор, а од таму, во 2010 година, премина во Борац од Бања Лука.
За Мандиќ се смета дека е еден од најдобрите млади босански спортисти и голема перспектива на босанскиот ракомет. На возраст од 18 години, за него беа заинтересирани и некои шпански клубови, а на 19 години е избран за најдобар спортист на Приедор. Мандиќ е младински репрезентативец на БиХ, а има и три настапи за најдобрата селекција на својата држава.
rkmetalurg.mk