Нов пораз за словенечките кошаркари, Литванија игра за петтото место на Мундобаскетот

Од:

Кошаркарската репрезентација на Литванија денеска во Манила ја совлада Словенија со 100:84 (33:21, 20:22, 22:20, 25:21), во плејофот за пласман од петтото до осмото место на Светското првенство.

Литванскиот тим го предводеше Јонас Валанчиунас со 24 поени и 12 скока. Игнас Браздеикис постигна 15 поени, а Миндаугас Кузминскас и Давид Сирвидис по 14 поени.

Во словенечкиот тим најефикасен беше Лука Дончиќ со 29 поени и шест скока. Алексеј Николиќ додаде 14 поени, Мајк Тоби 13, а Зоран Драгиќ 12 поени.

Литванија во сабота ќе игра за петтото место против Летонија, која претходно денеска ја совлада Италија со 87:82.

Словенија ќе игра против Италија за седмото место.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ѓоковиќ се расплака: Ретки се моментите кога некој останува без зборови, се тресам и не знам што да кажам

Горан Наумовски

Вучиќ: Секој играч поединечно ќе добие по 200.000 евра за златото од Париз

Горан Наумовски

Српските кошаркари наградени со по 25.000 евра за освоеното сребро на Мундобаскетот

Откриено зошто на Бориша Симаниќ му го отстранија бубрегот по ударот на мечот со Јужен Судан

Предраг Петровиќ

Германците ги победија Американците и закажаа финале со Србија

Горан Наумовски

Комплетирани полуфиналните парови на СП во кошарка