Нов пораз за Лос Анџелес Клиперс

Од:

Тимот на Лос Анџелес Клиперс кој имаше серија од 17 победи по ред, во два дена доживеа два пораза. Клиперс ноќеска загубија на гостувањето кај Голден Стејт и тоа за нив беше втор пораз во новата година.

Стефан Кари кај победничката екипа постигна 31 поен, со 8 асистенции и 6 скокови, а помош имаше и од Дејвид Ли со 24 поени и 13 скокови.

Преглед на резултатите на ноќеска одиграните натпревари во НБА лигата: Торонто – Портланд 102:79, Орландо – Чикаго 94:96, Кливленд – Сакраменто 94:97, Индијана – Вашингтон 89:81, Бостон – Мемфис 83:93, Мајами – Далас 119:109 (продолжение), Милвоки – Сан Антонио 110:117, Хјустон – Њу Орлеанс 104:92, Оклахома Сити – Бруклин 93:110, Јута – Минесота 106:84, Феникс – Филаделфија 95:89 и Голден Стејт – Лос Анџелес Клиперс 115:94.

Вечерва се играат само два натпревара: Њујорк – Сан Антонио и Денвер – Минесота.

Пласман Источна конфренеција: Мајами 22-8 (победи-порази), Њујорк 21-10, Атланта 20-10, Индијана 19-13, Чикаго 17-13,…

Пласман Западна конференција: Оклахома Сити 24-7, Сан Антонио 26-8, Лос Анџелес Клиперс 25-8, Мемфис 20-9, Голден Стејт 22-10,…

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тепачка во НБА: Шлаканици и боксови меѓу Нуркиќ и Маршал

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ