Ракометарите на Металург претрпеа нов пораз во регионалната СЕХА лига. На натпреварот одигран вечерва во Словенија, македонскиот вицепрвак Металург загуби од Целје со 34-28 полувреме 17-15.
За Металург, ова беше деветти пораз во дванаесеттиот одигран натпревар сезонава во СЕХА конкуренцијата, по кој составот од Автокоманда остана на претпоследното место на табелата.
Веќе во сабота, Металург го очекува уште едно тешко гостување кај екипата на Татран Прешов. Исто така во сабота настап ќе има и шампионот Вардар кој ќе гостува во Белорусија кај екипата на Мешков Брест.
Табела: Вардар 35 бодови, Веспрем 29, ППД Загреб 28, Мешков Брест 26, Целје 24, Нексе 12, Горење Велење 12, Татран Прешов 10, Металург 7 и Извиѓач 3.