Машката одбојкарска репрезентација на Македонија го претрпе и вториот пораз во квалификациите за Европското првенство 2017 година. Откако вчера загубија од домаќинот на првиот турнир Романија со 0-3, попладнево македонските одбојкари се поразени и од селекцијата на Чешка со 3-1 во сетови.
Во мечот од 2.коло на квалификациската Ф група, чиј домаќин е романскиот град Крајова, македонските одбојкари и од Чешка ги загубија првите два сета со 25:17 и 25:18. Во третиот „црвено-жолтите“ заиграат на повисоко ниво и го добија сетот со 25:23. Иако македонските одбојкари се обидоа да се изборат за решавачки пети сет, сепак тоа не им успеа, бидејќи Чесите го добија четвртиот со 27:25 за конечни 3-1 во сетови.
Првиот квалификациски турнир, нашите одбојкари ќе го заокружат утре со мечот против репрезентацијата на Естонија која вчера загуби од Чешка со 3:0, а вечерва игра против домаќинот Романија.