Јуниорската репрезентација на Македонија го претрпе четвртиот пораз на Европскиот шампионат за ракометарки до 19 години што се одржува во Словенија.
Нашите млади ракометарки попладнево се совладани од Романија со осум голови разлика 29-21 полувреме 17-10 за Романките.
Ова беше вториот натпревар на црвено-жолтите во разигрувањето за пласман од 9-16 место и тоа во рамките на И1 групата во која денеска се игра и средбата Шведска – Хрватска.
Без разлика на исходот на дуелот Шведска – Хрватска, нашите јуниорки останаа последно пласирани, па во петок ќе разигруваат за пласман од 13 до 16 место и тоа против третопласираната селекција од И2 групата, Португалија.