Нов пораз на Левски, следниот противник на МЗТ Скопје

Од:

Следниот противник на македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром во регионалната АБА лига, екипата на Левски од Софија го претрпе и 22-от пораз.

На средбата од 23-то коло одиграна попладнево во Софија, бугарската екипа е поразена од Игокеа со 77:92.

Левски останува на дното на табелата со само една победа пред МЗТ Скопје кој има 6, а Игокеа две повеќе.

Левски и МЗТ Скопје следниот понеделник (9 март) ќе го играат вториот меѓусебен дуел, овој пат во Софија. Потсетување дека на првиот меч во Скопје, аеродромци славеа победа со 72:61.

Инаку, ова 23-то коло ќе биде комплетирано вечерва со средбата меѓу Металац и Цибона која ќе започне од 20 часот и 30 минути.

Потсетување на резултатите кои беа постигнати на средбите одиграни во текот на викендот: Цедевита – Мега Лекс 103:107 (по продолжение), Солнок – Будуќност 72:81, Крка – Задар 83:80, МЗТ Скопје Аеродром – Унион Олимпија 57:76 и Партизан – Црвена Звезда 77:63.

Табела: Црвена звезда 44 бодови, Будуќност 40, Партизан 39, Цедевита 38, Унион Олимпија 36, Крка 35, Задар 34, Мега Лекс 33, Металац 33 (-1 натпревар помалку), Солнок 33, Цибона 31 (-1), Игокеа 31, МЗТ Скопје Аеродром 29 и Левски Софија 23.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он