Екипата на Лос Анџелес Лејкерс продолжува со променливите игри и резултати во оваа НБА сезона, а тоа особено е изразено на домашен терен. Ноќеска „езерџиите“ претрпеа уште еден пораз, а беа совладани од Денвер. На 18 натпревари во „Стејплес“ центарот имаат 10 победи и 8 порази.
По изедначеното прво полувреме (60:60), Денвер го доби вториот дел со (52:45). Шест играчи кај гостите имаа двоцифрен број поени, а тројца се резрвисти. Најдобар беше Ти Ловсон со 21 поен и 10 асистенции, додека резервистот Андре Милер имаше 12 поени со 10 асистенции. Без ефект останаа бројките на „езерџиите“: Коби Брајант 29 поени, Двајт Хаурад 26 скокови (23 одбранбени) и Стив Неш 13 асистенции.
На ноќеска одиграните натпревари во НБА лигата беа постигнати следниве резултати: Торонто – Оклахома Сити 92:104, Мајами – Вашингтон 99:71, Детроит – Шарлот 101:108 (продолжение), Феникс – Мемфис 81:92 и Лос Анџелес Лејкерс – Денвер 105:112.
Вечерва се играат седум натпревари: Вашингтон – Оклахома Сити, Њујорк – Бостон, Чикаго – Кливленд, Њу Орлеанс – Сан Антонио, Јута – Далас, Сакраменто – Мемфис и Портланд – Орландо.
Пласман Источна конфренеција: Мајами 23-9 (победи-порази), Њујорк 23-10, Атланта 20-12, Индијана 20-14, Чикаго 18-13,…
Пласман Западна конфренција: Оклахома Сити 26-7, Лос Анџелес Клиперс 27-8, Сан Антонио 27-9, Мемфис 21-10, Голден Стејт 22-11,…