Нов плејмејкер во МЗТ Скопје

Од:

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје потпиша договор со српскиот интернационалец Немања Протиќ, соопштија денеска од клубот од Аеродром.

Протиќ (182 см. 29 год.) игра на позицијата плејмејкер.

Во текот на својата кариера има настапувано за повеќе клубови, а меѓу нив се: Борац Чачак, ФМП, Олденбург, Химик, Нижни Новогород, Олин Едирне, Левски  и Будуќност.

Минатата сезона Немања Протиќ ја помина во тимот на Металац од Ваљево, за кој што одигра 16 меча во АБА лигата со просек од 7.4 поени и 2.2 асистенции по натпревар, односно девет натпревари во српскиот шампионат со просек од 9.2 поени и 2.4 асистенции.

Би можело да ве интересира

Сопругата на латвискиот кошаркар е осомничена дека го нарачала неговото убиство

Предраг Петровиќ

Раул Нето го раскина договорот со Барселона

(ВИДЕО) Лесор, кошаркарот на Панатинаикос, заработи тешка повреда

Горан Наумовски

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

(ВИДЕО) Има 18 години, а висок е 236 сантиметри – џин беше уште во градинка

А1он

Евролигата го казни Партизан со 50.000 евра за инцидентите на мечот со Олимпијакос