Нов братски дуел на натпревар на РК Вардар

Од:

Браќата Игор и Иван Карачиќ ќе играат еден против друг на утрешниот дуел во Брест меѓу домаќинот Мешков и македонскиот шампион Вардар. Ова е средба од регионалната ракометна СЕХА лига.

Браќата Карачиќ потекнуваат од Мостар. И двајцата играат на средната бековска позиција, постариот Иван(28) во Мешков Брест, помладиот Игор (25) во РК Вардар.

Но, интересно за нив е тоа што двајцата браќа Карачиќ освен што играат за две различни екипи тие ги бранат боите и на две различни репрезентации. Вардарецот Игор Карачиќ е дел од репрезентацијата на Хрватска, а неговиот брат Иван го носи дресот на репрезентацијата на Босна и Херцеговина.

Карачиќ против Карачиќ сезонава еднаш веќе играа еден против друг на дуелот меѓу Вардар и Мешков Брест на турнирот во Струга. На овој меч поуспешен беше помладиот од браќата, Игор Карачиќ, кој со Вардар славеше победа против Мешков Брест со 33:24.

– Нема некои посебни чувства на овие натпревари. Имаме одиграно многу натпревари еден против друг и веќе се навикнавме на тоа. Јас го почитувам Иван како играч, вели Игор Карачиќ во пресрет на претстојниот дуел против Мешков Брест.

Братски дуел на натпревар што го игра Вардар имаше и во 1. коло од Лигата на шампионите кога во Скопје еден против друг играа Филип (Вардар) и Кирил Лазаров (Барселона). Овој братски дуел заврши без победник.

Би можело да ве интересира

Спектакл во Вараждин: Македонија и подари бод на Унгарија

Горан Наумовски

ЕХФ: Франција и Германија ќе бидат домаќини на Европското првенство во ракомет во 2032 година

Србија остана без двајца селектори во ист ден

Горан Наумовски

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир