Германецот Феликс Нојројтер е победник на денешниот слалом возен во швајцарски Венген. Ова за германскиот скијач беше 11.триумф во Светскиот куп и деветти во слалом.
Нојројтер двете трки ги заврши со вкупно време 1:46.93 минути, 20 стотинки побрзо од Италијанецот Стефано Грос, а на подиумот се искачи и трето пласираниот Хенрик Кристоферсен (Норвешка) кој заостана 44 стотинки.
Лидерот во Светскиот куп Марсел Хиршер (Австрија) не ја заврши првата трка и остана без бодови, по што го загуби водечкото место во пласманот во слалом.
Пласман слалом: Нојројтер 420, Хиршер 376, Фриц Дофер (Германија) 304,…
Генерален пласман: Марсел Хиршер 836 бодови, Кјетил Јансурд (Норвешка) 624, Дофер 542, Нојројтер 542,…