Ниту одбранетиот пенал не го сопре – Хери Кејн „сам“ ги победи Нотингем

Од:

Тотенхем го продолжија одличниот старт на новата сезона, откако благодарение на двата гола на Хери Кејн стигнаа до 0:2 победа на гостувањето кај новиот премиерлигаш Нотингем Форест.

Ниту одбранетиот пенал од Дин Хендерсон (прв по 21 успешен обид на Кејн), не успеа да го деконцентрира англискиот напаѓач, кој со двата гола се израмни со поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Енди Кол со 187 гола во Премиерлигата, останувајќи само зад Вејн Руни (208) и Алан Ширер (260).

Тимот на Антонио Конте дојде во водство уште во петтата минута, кога Дејан Кулушевски одлично му асистираше на Кејн, а во 56. минута тој имаше шанси да ја потврди победата кога по бизарното играње со рака беше досуден пенал за гостите. Но, Хендерсон, на позајмица од Манчестер јунајтед, реагираше фантастично и му го одбрани пеналот. Меѓутоа, во 81. минута, откако одбраната на Нотингем го остави сам пред голот, тој го постигна својот 187. гол во англиската елита за трета победа во четири меча на Тотенхем.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Фудбалерите на Тотенхем го победија Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“

Горан Наумовски

Сон Хјун Мин: Мора да се намали бројот на натпревари, фудбалерите не се роботи

Горан Наумовски

Играчот кој ги одби милионите на Барса сега е во 5-та лига: Верата ми даде поинаква перспектива на животот

Предраг Петровиќ

Хери Кејн не е задоволен: Топ 4 пласман не е доволен!

Арсенал и Тотенхем во трка за светскиот шампион од Брајтон

Фулам им го „грабна“ Џејмс на Евертон и Тотенхем