Нишикори позитивен на коронавирусот

Од:

Поранешниот светски рекет број еден, Кеј Нишикори е позитивен на тестот за коронавирусот на само две недели пред УС Опен.

Триесетгодишниот Јапонец тренира на Флорида и поради позитивниот тест нема да учествува на турнирот во Синсинати, што е подготовка на тенисерите за УС Опен.

– Утрово, додека бев уште на Флорида, ми беше направен тест за КОВИД-19, кој е позитивен. Во овој момент, ќе мора да се повлечам од турнирот во Синсинати. Планиравме да летаме за Њујорк утре, но очигледно ќе останеме на Флорида, рече Јапонецот.

Нишикори додаде дека има „многу благи симптоми“ и ќе остане во карантин.

Голем број на играчи се повлекоа од годинашниот УС Опен поради пандемијата на коронавирус, кој зарази повеќе од 5,3 милиони луѓе во САД и уби скоро 170.000.

Бранителот на титулата Рафаел Надал и женскиот рекет број еден, Ешли Барти се меѓу оние кои одбија да патуваат на турнирот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ

Полскиот тенисер лут поради повластениот третман на Синер: „Уништен сум и шокиран“

Предраг Петровиќ