Нишикори победи во четвртфиналето откако спаси пет меч топки

Од:

Јапонскиот тенисер Кеи Нишикори успеа да се пласира во полуфиналето на Мастерсот 1000 во Мајами откако ноќеска во четвртфиналето по голема борба и пет спасени меч топки успеа да го совлада Гаел Монфис. Нишикори беше во негатива откако го загуби првиот сет со 6:4 во гемови, но сепак успеа да се врати откако го доби вториот сет со 6:3. Во решавачкиот сет беше 7:6 и во тај брекот 7:3 за Нишикори, а јапонскиот тенисер во овој сет ги спаси меч топките.

Тој во полуфиналето ќе игра против Ник Кирјос, кој се избори за своето прво полуфинале на Мастерс 1000 турнирите. Кирјос го совлада Милош Раониќ со 6:4 и 7:6 (7:4) во сетови. Во првото полуфинале ќе играат Новак Ѓоковиќ и Давид Гофин.

Во женското полуфинале Викторија Азаренка ја победи Анжелика Кербер со 6:2 и 7:5 во сетови и со тоа и се реваншираше за поразот на Австралија опен. Азаренка во финалето ќе игра против Светлана Кузнецова која со 7:5 и 6:3 во сетови ја совлада Тимеа Бачински.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ