Нишикори избори четвртфинале на УС Опен

Од:

Јапонскиот тенисер Кеи Нишикори е последниот кој од вчерашниот ден на УС Опен избори пласман во четвртфиналето.

Доцна по полноќ (според времето во Њујорк 2:30 часот или утрово 8.30 по македонско време) успеа во мечот од осминафиналето да го победи Милош Раониќ (5.носител) со 3:2 во сетови. Тој во следното коло ќе игра против Стан Вавринка, кој беше поуспешен од Томи Робредо со 3:1.

Во другото четвртфинале ќе играат Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј, кои во синоќешните мечеви постигнаа победи од 3:0. Ѓоковиќ го победи Филип Колшрајбер, Мареј беше подобар од Жо Вилфред Цонга.

Кај жените беа комплетирани осминафиналните дуели. Серена Вилијамс ја победи Каја Канепи со 2:0, а во четвртфиналето ќе игра против Флавија Пенета, која со истиот резултат беше подобра од Кејси Делакуа. Викторија Азаренка со пресврт стигна до триумф над Александра Круниќ и од 0:1 победи со 2:1 и во следната рунда ќе игра против Екатерина Макарова, која ја победи Јуџин Бушар со 2:0.

Вечерва на програмата се четири мечеви од машкото осминафинале и првите два четвртфинални дуела кај жените.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ го совлада Медведев и ја освои 24 Грен слем титула

ВИДЕО: Коко Гоф го освои УС Опен

Алкараз: Се предомислив, треба уште да учам

ВИДЕО: Ѓоковиќ му ја спушти слушалката на Шелтон-реакција за начинот на прослава на победата

Предраг Петровиќ

Медведев го елиминира Алкараз и закажа финале со Ѓоковиќ!

Предраг Петровиќ

Џере поведе со 2-0, а Новак се налути и сврте на 3-2