„Нисан“ официјален превозник на РК и ЖРК Вардар

Од:

Компанијата Аутомотив Груп и Вардар се договорија да го продолжат договорот и за следната сезона како и да ја прошират својата соработка со третопласираниот тим на последниот Финал Фоур во женски ракомет, ЖРК Вардар, соопштија денеска „црвено-црните“.

– Вардар е амбициозен проект којшто допрва ќе го освојува Европскиот ракомет во машка и женска конкуренција, затоа сметаме дека соработката со еден гигант во автомобилската индустрија како што е НИССАН одговара на стратегијата на нашиот клуб, кој секогаш има амбиции за подобри резултати и се стреми кон нови успеси, изјави директорот на РК Вардар, Давор Стојаноски.

Од „Нисан“ изразија задоволство од досегашната соработка со, како што велат, амбициозните и успешни клубови.

– Ракометот е број еден спорт во Македонија кој го пратат и поддржуваат најголемиот број македонски навивачи. Верните навивачи на Вардар и ракометните љубители секојдневно очекуваат информации за својот клуб и се што е поврзано со него, нивниот следен потег, нови засилувања,нови амбиции. Со задоволство ја продолжуваме и прошируваме нашата соработката со амбициозни и успешни клубови како РК Вардар и ЖРК Вардар, истакна Симона Николовска, лице одговорно за односи со јавност на Аутомотив Груп.

Женскиот и машкиот ракометен клуб Вардар минатата година забележаа врвни успеси како во домашните и регионалните лиги, така и на меѓународна сцена.

На Европско ниво, почнувајќи од сезоната 2014/2015, Нисан во наредните четири години официјален превозник на елитното фудбалско натпреварување – Лигата на шампионите во наредните четири години.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он