Јапонскиот автомобилски бренд „Нисан“ го претстави новиот концепт „Кикс“ како најава за новиот кросовер за бразилскиот пазар.
Автомобилот во гамата на јапонскиот производител ќе го заземе местото меѓу моделите „Juke“ и „Qashqai“.
„Нисан Кикс“ на прв поглед изгледа како помалку екстравагантната верзија на „Nissan Juke“.
Овај концепт, со своите 4.300 милиметри, сепак, за 175 милиметри е подолг од моделот „Juke“, додека неговото меѓуосовинско растојание изнесува 2.620 милиметри и е поголемо за 90 милиметри, што значи дека станува збор за пофункционален автомобил со поголем простор во кабината и поголем багажен простор.
И другите две димензии, широчина (1.800 милиметри) и височина (1.600 милиметри), се поголеми отколку кај „Nisaan Juke“, по што моделот „Кикс“ е поблиску до моделот „Nisan Qashqai“.
Иако во најголем дел е обликуван во главниот стилски центар на „Нисан“ во Јапонија, консултирани се и дизајнерските студија на оваа компанија во Северна и Јужна Америка.
Продукциската верзија, што ќе биде изведена од концептот „Кикс“, наменета е ,пред се, за купувачите во Бразил, па дизајнот на автомобилот е инспириран од оваа земја.
„Нисан“, меѓутоа, ја разгледува можноста новиот кросовер да им го понуди и на други пазари, како поевтина алтернатива на моделот „Juke“.
Јапонскиот производител засега не објавува повеќе технички детали, како ни спецификацијата на моторот, а концепот „Кикс“ официјална премиера ќе има на претстојниот авто-салон во Сао Паоло.