„Нисан“ го обнови брендот „Датсун“

Од:

Постарите љубители на автомобилите сигурно ќе се сетат на марката „Датсун“, која беше популарна во текот ма шеесетите и седумдесетите години на дваесетиот век.


„Нисан“ по три децении одлучи да го обнови овој бренд и на купувачите во таканаречените автомобилски пазари во развој им понуди евтини модели.


Првиот модел на повторно родениот „Датсун“ ќе биде претставен на 15 јули. „Нисан“ во меѓувреме објави две скици на кои навестува како овој автомобил ќе изгледа. Кога ќе се земе во предвид дека ќе се продава првенствено на индискиот пазар, како нискобуџетен модел, новиот „Датсун“ има сосема пристоен дизајн.


Се претпоставува дека автомобилот е темелен на платформата на моделот „Нисан Микра“ и дека ќе го придвижува истиот 1.2-литарски троцилиндричен бензински мотор, но со различна излазна снага.


Новиот „Датсун“ треба да се појави во продажба во 2014 година, а се очекува дека следните модели од обновената марка би можеле да им се понудат и на купувачите во  Русија, Индонезија, Јужна Африка и уште во некои земји каде постои побарувачка за овој вид пристапни автомобили, барем според цената.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска