Нил Робертсон повторно на првата позиција

Од:

Иако во финалето на турнирот во Софија загуби од Џон Хигинс, Нил Робертсон се врати на првото место на светската снукер ранг листа.

Австралиецот направи голем пресврт во полуфиналето на „Victoria Bulgaria Open“ совладувајќи го Бери Хокинс иако имаше негатива од 3:0, но во големото финале загуби од Џон Хигинс со 4:1.

Освоените бодови беа сосема доволни за Робертсон да се најде на врвот на листата од каде го потисна Марк Селби кој го пропушти турнирот во бугарската престолнина.

Австралиецот сега има вкупно 76.460 бодови, односно 280 повеќе од Селби, со што втор пат во кариерата се најде на највисоката позиција.

Зад Робертсон и Селби, следуваат ланскиот победник во Софија, Џад Трамп, Шон Марфи и Стивен Мегваер.

Џон Хигинс е на 11-та позиција, додека Рони О’Саливен е на 19-то место.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Жена им побегна на обезбедувањето на снукер натпревар, О’Саливан ѝ дозволи да го направи завршниот удар

Наум Локоски

Најџел Бонд: Снукерот во Македонија има сериозен потенцијал

Ана Ололовска

Професионалниот снукер играч Најџел Бонд доаѓа во Македонија

Ана Ололовска

Поразен светскиот шампион на стартот

Емир Латифовиќ

Започнува светското снукер првенство

Емир Латифовиќ

О’Саливен славеше со 10:1 над Хокинс за 7-ма мастерс титула

Емир Латифовиќ