Српскиот кошаркар Никола Јокиќ беше изгласан од навивачите за најдобар европски кошаркар во 2024 година, соопшти денеска Светската кошаркарска федерација (ФИБА).
Гласањето на веб-страницата на ФИБА започна на 27 декември минатата година, а конечните резултати беа објавени денеска. Како што соопшти ФИБА, Јокиќ ја доби наградата за најдобар европски кошаркар како убедлив прв со 32 проценти од добиените гласови.
Гркот Јанис Адетокумбо доби 18 отсто од гласовите, Богдан Богдановиќ 15 отсто, Германецот Франц Вагнер 11 отсто, а Словенецот Лука Дончиќ девет отсто од гласовите.