Никола и Лука Карабатиќ осудени на два месеци условна затворска казна

Од:

На француските ракометари, браќата Никола и Лука Карабатиќ и на четиринаесет други лица денеска им беа изречени условни затворски казни и парични казни во износ од 10.000 до 40.000 евра, под обвинение за местење на натпревари, јави дописникот на МИА од Париз.

Апелацискиот суд во Монпеље ги изрече казните само неколку дена откако Франција стана светски првак во ракомет,

Шеснаестмината осудени беа обвинети за измама и за соучество во измама во врска со натпреварот во Рен меѓу Цесон/Себиње и Монпеље во 2012 година.

Претседателот на судскиот совет Жорж Леро им одреди условна казна затвор на сите осомничени играчи, вклучително и браќата Никола и Лука Карабатиќ, кои се прогласени за виновни за соучесништво измама.

Покрај условната затворска казна во траење од два месци, браќата Карабатиќ ќе треба да платат и сума од по 10,000 евра.

Четири месеци затвор условно и парична казна од 20.000 евра доби Младен Бојиновиќ, а со истата сума и условна затворска казна од два месеци е казнет Драган Гајиќ.

По два месеци условна казна добија Самуел Хонрубиа, Примож Прост и IИсам Теј, кои ќе треба да платат и суми од по 15, 10, односно 20 илјади евра.

Од обвиненеито беше ослободен само Микаел Робин.

Леро изјави дека играчите се прогласени за виновни затоа што пред средбата одиграна на 12 мај 2012 година направиле договор за обложувања од околу 100.000 евра за што заработиле 300.000 евра.

Секој од осудените може да се жали пред Касацискиот суд, но тој само ќе разгледа дали биле почитувани правните постапки и процедури, а не и фактите.

Останува сега да се види како ракометниот свет ќе се однесуваат кон осудените ракометари.

Би можело да ве интересира

Француски ракометар избоден на новогодишната ноќ, го пропушта Европското првенство

Катерина Ѓуровски

Крај на ракометната сезона во Франција, ПСЖ прогласен за шампион

Ана Ололовска

Лазаров во Нант до 2021 година

Наум Локоски

Седум гола за Лазров во триумфот над европскиот шампион

Наум Локоски

Гакидова во новата сезона дел од француски Стразбур

Наум Локоски

Карабатиќ пред трансфер во Барселона

Ана Ололовска