Карабатиќ пред трансфер во Барселона

Од:

Францускиот ракометар Никола Карабатиќ се наоѓа пред трансфер во Барселона. Според пишувањата на шпанските медиуми еден од најдобрите светски ракометари со Каталонците треба да потпише четиригодишен договор.

29-годишниот Карабатиќ неодамна доби ослободителна пресуда за обвинението околу нелегалното обложување и местење натпревари во Француското првенство, поради што го напушти тимот на Монпеље.

Карабатиќ во досегашната репрезентативна кариера има по две злата од Олимписки игри, Светски првенства и Европски првенства, две бронзени медали од СП и една бронза од ЕП.

Во клупската кариера настапувајќи за Монпеља и Кил ја освоил Лигата на шампионите, а во првенствата на Франција и Германија има освоено преку 30 преку трофеи.

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ