Германецот Нико Розберг ќе стартува од полпозицијата на утрешната деветта трка во Формула 1 шампионатот која ќе се вози за Големата награда на Велика Британија.
До својата седма полпозиција во кариерата, возачот на Мерцедес Розберг сигна во последниот круг на денешните квалификации возени на легендарната патека Силверстон, оставајќи го зад себе актуелниот светски првак Себастијан Фетел од Ред Бул.
Од вториот ред утрешната трка ќе ја започнат Џејсон Батон од Мекларен и Германецот Нико Хулкенберг од со болидот на Форс Индија Мерцедес.
Иако речиси во текот на целите квалификации Британецот Луси Хамилтон имаше одлични остварувања, сепак неговиот најдобро време на крајот беше доволно само за шестата стартна позиција, зад Данецот Кевин Магнусен од Мекларен.
Во Генералниот пласман водечки е токму Розберг од со 165 бодови, пред клупскиот колега Британецот Луси Хамилтон кој има 29 помалку и пилотот на Рае Бул, Даниел Рикардо од Австралија кој заостанува 82 бодови зад водечкиот Розберг.
Утрешната трка за Големата награда на Велика Британија ќе стартува во 14 часот.