Репрезентацијата на Нигерија минимално со 1:0 ја победи Буркина Фасо и го освои трофејот на африканскиот Куп на нации. За Нигеријците ова беше трета шампионска титула во ова натпреварување.
Стрелец на единствениот гол во финалниот дуел одигран синоќа во Јоханесбург беше Сандеј Мба во 40.минута.
Нигерија беше подобар противник во текот на целиот натпревар и заслужено стана првак на Африка. Селекцијата на Буркина Фасо која беше најпријатното изненадување на овој турнир не успеа да создаде поголема шанса за изедначување на резултатот.
Во натпреварот за третото место Мали ја победи Гана со 3:1 и го освои бронзениот медал.