Ница го сака на позајмица Николас Пепе од Арсенал

Од:

Ница ќе се обиде да го ангажира крилниот напаѓач на Арсенал, Николас Пепе. Намерата на францускиот клуб е да го ангажира 27-годишниот играч, кој се уште е најскапото засилување во историјата на „топчиите“, на позајмица до крајот на сезоната. И самиот играч е отворен за можноста за враќање во Лига 1.

Пепе не доби ниту една минута за Арсенал во новата сезона. Клубот од северен Лондон потроши на него 80 милиони евра во 2019 година, но тој никогаш не успеа да ја потврди таа голема инвестиција и да ги покаже игрите поради кои беше купен од Лил.

Пепе минатата сезона постигна само еден гол на 20 натпревари во Премиерлигата.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голманот на Арсенал како спринтер

А1он

Фудбалерот на Арсенал, Каи Хаверц ќе го пропушти остатокот од сезоната поради повреда

(ВИДЕО) На Арсенал му недостасува голгетер, без победа и кај Брајтон

А1он

Јувентус е заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал

Уапсен осомничен за смртта на седум членови на едно семејство од Ница

Фудбалер на Ница се заканува дека ќе скокне од мост