Неповторливиот Лука Модриќ – собори уште еден рекорд

Од:

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ е најстариот играч кој настапувал за Реал Мадрид во Ла Лига.

На денот на мечот со Кадиз тој имаше 38 години и 238 дена, со што ја надмина клупската икона Ференц Пушкаш, кој беше претходниот рекордер.

Легендарниот Унгарец имаше 38 години и 233 дена кога одигра натпревар за „Кралскиот клуб“.

Ова е втор пат за неколку дена Модриќ да го собори рекордот на Пушкаш, бидејќи го надмина и како најстар играч кој одиграл европски натпревар за Реал.

Модриќ беше стартер на натпреварот во кој Реал направи уште еден чекор кон титулата со победа од 3:0, доколку Барселона не ја совлада Џирона.

Во првото полувреме хрватскиот ас доби громогласни овации од преполниот „Сантијаго Бернабеу“. Навивачите на Реал го скандираа неговото име, а тој им се заблагодари со аплауз.

Модриќ придонесе за триумфот на мадриѓаните со асистенција за првиот гол кој го постигна Браим Дијаз.

Неповторливиот хрватски фудбалер можеби ќе ја одигра и првата сезона во Реал, со кој во неколку наврати освои се што можеше да се освои.

Би можело да ве интересира

На фудбалер на Реал му се заканува затворска казна – препраќал порно видеа со малолетници

А1он

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти оди со 23 играчи за дуелот против Манчестер Сити во Лигата на шампионите

(ВИДЕО) Прв хет-трик на Мбапе во дресот на Реал Мадрид

А1он

Анчелоти пак го брани Винисиус: Два меча суспензија е премногу!

А1он

Лука Модриќ влезе во историјата на Реал Мадрид, собори два нереални рекорди

А1он

Анчелоти: Ќе поднесеме жалба поради исклучувањето на Винисиус, не беше за црвен

А1он