Селекторот на фудбалската репрезентација на Нигерија Стефан Кеши поднесе неотповиклива еден ден по големиот успех – победата на Купот на африкански нации.
Кеши со ваквиот потег ги „надитри“ раководните луѓе од матичната федерација кои се подготвувале да го сменат уште пред одигрувфањето на средбата од четвртфиналето, но успесите на Нигерија до крајот на првенството ги натерало да ја променат својата намера.
Сепак селекторот почувствувал дека по освојување на титулата шампион на Африка, најдобро е да се повлече од репрезентацијата.
Нигерија во неделата во финалниот натпревар од Купот на нациите ја победи Буркина Фасо со 1:0.
Во Фудбалската федерација на Нигерија најави дека ќе ја разгледаат оставката на Кеши и ќе се обидат низ уште еден разговар да ги надминат недоразбирањата со селекторот во оставка.