Со новите правила во формула 1 возачите повеќе ќе немаат право да го менуваат дизајнот на својата кацига. Ова правило ќе биде воведено од оваа година.
Ваквиот потег е направен по размислувањето на првите луѓе на Ф1 кои сметаат дека новите „фанови“ на овој спорт би можеле да имаат проблеми со честите промени.
Најпогоден од оваа ситуација ќе биде Себастијан Фетел, четирикратниот светски шампион, кој од почетокот на својата кариера има сменето околу 60 кациги. Тој ги менуваше кацигите по секоја победа, за ноќните трки, за трките во Германија,…
За разлика од него легендарниот Аиртон Сена имаше само еден дизјан на кацигата жолто-зелена.
Оваа промена е донесена и како дел од маркетингот, како што беше воведено ланското правило секој возач да има свој број во текот на целата кариера. Се разбира со исклучок на шампионот, кој може да ја понесе „единицата“.
Како една од главите причини за ова правило е тоа навивачите да можат полесно да ги препознаваат возачите, кога се наоѓаат покрај патеката, а секако и за тв-гледачите.