Кошаркарите на Јута загубија синоќа на гостувањето кај Чикаго со 107-99 со што во НБА лигата веќе нема непоразени тимови во новата сезона.
Чикаго ја прекина серијата од четири последователни стартни победи на Јута предводен од Деман Дерозан со 32 поени.
Резултати од натпреварите во НБА лигата одиграни ноќта меѓу саботата и недела:
Детроит – Орландо 110-103
Њу Орлеанс – Њујорк – 117-123
Индијана – Торонто 94-97
Филаделфија – Атланта 122-94
Чикаго – Јута 107-99
Мемфис – Мајами 103-129
Милвоки – Сан Антонио 93-102
Минесота – Денвер 91-93
Голден Стејт – Оклахома 103-82
Феникс – Кливленд 101-92.