Нема тим што ќе го сопре Мајами

Од:

Кошаркарите на Мајами ја продолжуваат серијата победи во НБА лигата. Ноќеска на гостувањето го совладаа Орландо и стигнаа до 27-от триумф во низа. Повторно најдобар на теренот беше Леброн Џејмс, кому му недостигаше еден скок за „трипл дабл“ – 24 поени, 11 асиситенции и 9 скокови. Поради повреда не настапи Двејн Вејд.

Порази претрпеа Денвер од Њу Орлеанс со што ја прекина серијата од 15 победи во низа и Лос Анџелес Лејкерс на гостувањето кај Голден Стејт.

Резултати од ноќешните НБА натпревари: Вашингтон – Мемфис 107:94, Орландо – Мајами 94:108, Индијана – Атланта 100:94, Њу Орлеанс – Денвер 110:86, Јута – Филаделфија 107:91 и Голден Стејт – Лос Анџелес Лејкерс 109:103.

Вечерва се играат три натпревари: Бостон – Њуорк, Детроит – Минесота и Далас – Лос Анџелес Клиперс.

Пласман Источна конференција: Мајами 56-14 (победи-порази), Индијана 44-27, Њујорк 42-26, Бруклин 41-29, Чикаго 38-31, Атланта 39-32, Бостон 36-33, Милвоки 34-35,…

Пласман Западна конференција: Сан Антонио 53-17, Оклахома Сити 52-19, Лос Анџелес Клиперс 48-22, Денвер 49-23, Мемфис 47-23, Голден Стејт 41-31, Хјустон 39-31, Лос Анџелес Лејкерс 36-35,…

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тепачка во НБА: Шлаканици и боксови меѓу Нуркиќ и Маршал

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ