Нејмар: Заслужив повеќе почитување

Од:

Бразилскиот фудбалски репрезентативец Нејмар ги нападна своите критичари, порачувајќи оти заслужил повеќе почитување од навивачите и медиумите во својата земја.

– Не знам што повеќе морам да направам во овој дрес за навивачите да ме почитуваат, изјави 29-годишната бразилска ѕвезда.

Напаѓачот на францускиот гигант ПСЖ беше стрелец и асистент во вчерашната победа над Перу од 2-0 во мундијалските квалификации, но повторно беше цел на бројни критики.

Навивачите му замеруваат на Нејмар на неговиот раскошен стил на живот, однесувањето на теренот, бројните кавги со противничките играчи, а сметаат и дека има вишок килограми.

– Тоа веќе не е нормално. Понекогаш дури не сакам да давам интервјуа, но во важни моменти ја преземам својата одговорност и ја извршувам својата должност, рече Нејмар, кој во бразилскиот дрес во 113 настапи постигна 69 голови.

За да ги замолчи критичарите, кои ја напаѓаат негова тежина, Нејмар минатата недела при прославувањето на голот што го постигна против Чиле го подобна дресот, покажувајќи го својот стомак пред камерите.

Би можело да ве интересира

Нејмар нападнат од навивачите поради неговиот изглед, по повеќемесечна пауза се врати на терените

Обид да му го киднапираат новороденчето на Нејмар, вооружени напаѓачи ги врзале родителите на неговата поранешна девојка

Нејмар пристигна, принцот му испрати авион со златен трон

Предраг Петровиќ

Нејмар доби 320 милиони евра, заминува од ПСЖ

Предраг Петровиќ

Нејмар може да го напушти ПСЖ само со отштета од 150 милиони евра

Нејмар сака да го напушти ПСЖ