Нејмар: Во Барселона најголемата поддршка ја добивав од Меси

Од:

Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Најмар, го посочи Меси како човек кој му давал голема поддршка додека настапуваше за Барселона.

Нејмар беше дел од каталонскиот клуб во периодот од 2013 до 2017 година.

– Да бидам искрен, тешко ми е да разговарам за времето кога играв во Барселона. Кон мене, Лео се однесуваше пријателски. Им зборувам на сите за тоа. Кога најмногу ми требаше поддршка, тој беше тука. Многу ми значеше што ја имав помошта од најдобриот играч во светот, изјави Нејмар.

Пред два дена таткото на бразилската фудбалска ѕвезда изјави дека не се точни шпекулациите дека неговиот син си замина од Барселона, поради тоа што бил во сенка на Меси.

Би можело да ве интересира

Нејмар нападнат од навивачите поради неговиот изглед, по повеќемесечна пауза се врати на терените

Обид да му го киднапираат новороденчето на Нејмар, вооружени напаѓачи ги врзале родителите на неговата поранешна девојка

Нејмар пристигна, принцот му испрати авион со златен трон

Предраг Петровиќ

Нејмар доби 320 милиони евра, заминува од ПСЖ

Предраг Петровиќ

Нејмар може да го напушти ПСЖ само со отштета од 150 милиони евра

Нејмар сака да го напушти ПСЖ