Ѕвездата на Бразил, Нејмар изрази огромно разочарување по елиминацијата на неговата репрезентација во четвртфиналето на Светското првенство „Селесао“ изгуби во петокот од Белгија со 1:2.
Ѕвездата на репрезентацијата призна дека тешко ќе најде мотивација да продолжи да игра фудбал.
– Ова е најтажниот момент во мојата кариера. Болката е многу голема, бидејќи знаевме дека можеме да одиме подалеку и да напишеме историја. Но, не овој пат. Тешко ќе најдам сили повторно да играм фудбал. Но, уверен сум дека Бог ќе ми даде сила да се спротивставам на секоја пречка. Затоа никогаш нема да престанам да се заблагодарувам на Бога. Дури и по пораз. Зошто знам дека тој ги избира најдобрите патишта, напиша Нејмар на својот профил во Инстаграм.
Тој додаде дека се радува што е дел од овој тим и се гордее со сите свои соиграчи.
– Сонот не ни се оствари, но нема да се предадеме, напиша уште бразилскиот напаѓач.