Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Нејмар, продолжува да закрепнува по фрактура на стапалото добиена на 23 јануари за време на натпревар од 1/16 финалето на Купот на Франција против Стразбур (2:0).
Според официјалниот твитер-профил на парижаните, 27-годишниот Бразилец денес ќе започне со тренинзи.
Предвидено е Нејмар да помине неколку тестови на теренот.
За две недели, првата ѕвезда на ПСЖ ќе биде подложен на уште еден медицински третман со цел да се утврди дали закрепнувањето е целосно.
Во тековната сезона, Нејмар одигра 23 натпревари за ПСЖ, постигна 20 гола и даде оствари две асистенции.